Пpoгнoзитe зa пoбapyвaчкaтa ги зaдpжaa цeнитe нa нaфтaтa нa близy 70 дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цените на нафтата во петокот се задржаа близу 70 американски долари за барел на меѓународните пазари, поткрепени со намалените залихи на водечките производители и прогнозите за закрепнување на побарувачката во втората половина на годината.

Цената на барелот на лондонскиот пазар остана непроменета во споредба со претходното затворање и изнесуваше 69,66 долари. Американскиот пазар не се промени значително и со барелот се тргуваше по 66,03 долари.

Трговците денес се фокусираа на процените на побарувачката.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) предвиде посилно закрепнување на побарувачката оваа година, фокусирајќи се на втората половина на годината, откако минатата недела одлучи со група сојузници да ги намали испораките речиси во иста мера како порано.

„(Процената) е дека закрепнувањето во втората половина на годината треба да биде посилно отколку што се очекуваше, значи дека изгледите за глобалната економија, а со тоа и за побарувачката на нафта, се близу до надминување на проблемите поврзани со короната“, напишаа аналитичарите на PVM.

Аналитичарите на РБЦ Капиталс, пак, истакнаа дека основите за летните испраки на бензин се најповолни во последните речиси десет години.

Залихите на бензин во САД, најголемиот потрошувач на нафта во светот, паднаа нагло минатата недела поради зимската бура во Тексас што го наруши работењето на рафинериите.

Зголемувањето на цените беше попречено од проценките дека трендот на пораст ќе ги охрабри американските производители да го зголемат производството, што на крајот може да изврши притисок врз цените, според аналитичарите на инвестициската банка ЈП Морган.

Според нивните процени, производството на САД оваа година во просек ќе изнесува 11,36 милиони барели на ден, во споредба со 11,32 милиони барели на ден во 2020 година.

Одделно, ОПЕК на својата веб-страница денес објави дека цената на барел за референтната кошница на нафта на нејзините членови беше 67,39 долари во четвртокот, што значи дека порасна за 1,79 долари во однос на претходниот трговски ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This