April 25, 2024, 11:59 am

Пpoдoлжeн пpитвopoт нa „Бeливук“ и нeгoвaтa гpyпa – oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот суд во Белград денеска го продолжи притворот за уште 30 дена на членовите на организираната криминална група Вељко Беливук и Марко Миjковиќ, кои се обвинети за убиство, трговија со дрога и други кривични дела.

Нивниот притвор беше продолжен со одлука на судот на претходна постапка од сите правни причини – опасност од бегство, опасност од криење или уништување докази, за да не ги повторат кривичните дела за кратко време, како и јавно вознемирување .

Обвинетите и нивниот бранител можат да поднесат жалби против оваа одлука до кривичниот вонсудски совет на судот во рок од три дена.

Беливук и Миjковиќ беа уапсени на 4 февруари под сомнение дека организирале криминална група што извршила најтешки злосторства, криејќи се зад навивачката група „Принципи“ на Партизан.

Покрај нив, во тоа време беа уапсени уште 20-тина членови на групата, а Обвинителството за организиран криминал започна истрага против 22 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This