April 25, 2024, 10:23 am

Пpoнaјдeн мpтoв нoвинap вo свoјoт aвтoмoбил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Андре Влтчек, американскиот новинар со руско потекло, беше пронајден мртов во неговото возило во Истамбул.

Полицијата ги означи околностите околу негвата смрт како „сомнителни“.

57-годишниот новинар патувал со неговата жена Роси Индира и двајца шовери кои ги донеле од северната провинција на Самсун каде што престојувале девет дена пред да одат во Истамбул.

По пристигнувањето во хотелот во Истамбул рано утрото во четврток, Индира пробала да го разбуди Влтчек мислејќи дека спие, но тој не дал никакви знаци на живот.
Била повикана амбуланта, што констатирала дека Влтчек починал. Полицијата ја оградила околината и започнала истрага за да се констатира причината за смртта, а неговата жена и двата возачим ќе бидат дополнително испрашани.

Влтчек, инвестигативен новинар од Русија кој станал граѓанин на САД, работеше во конфликтните зони од Босна до источен Тимор веќе долго време.
Тој исто така имаше колумни во Дер Шпигел и Гардијан. Престојуваше во Турција веќе подолго време и скоро даде интервју за Ајдинлик дејли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This