Пpoнajдeни 20 мигpaнти oд Бангладеш нa автопатот Куманово-Табановце вo кoмбe – вoзaчoт пpивeдeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 11.06.2021 во 08.10 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник”, полициски службеници го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер”, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This