Пpoпаганда на најјако: БНТ во македонскиот етер со час по историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската национална телевизија прозрачи во Македонија. Симболично, на националниот празник 3-ти март, македонските гледачи имаа можност да добијат час по историја.

На социјалните мрежи веќе се појавуваат првите реакции за тајмингот и содржината на програмата што се реемитува во Македонија. Трети март во Бугарија се слави како „Денот на oслободувањето од Отоманското Царство”, односно денот на националното обединување, кога во 1878 година е потпишан Санстефанскиот мировен договор кој предвидува создавање на Голема Бугарија.

Репертоарот на БНТ 4 продолжи со филм за комитите, гледан од бугарска гледна точка.

“Каква историја се учи во Македонија” е насловот на документарниот филм, кој пак вечерва ќе имаат можност да го погледнат Бугарите на нивната национална телевизија.

Преку анализа на македонските учебници, авторот на филмот Александар Марков сака да докаже дека во земјава се учи фалсификувана историја, теза со која се согласува и еден од членовите на бугарскиот дел од мешовитата комисија.

Стартот на емитувањето на БНТ 4 во Македонија го честиташе и специјалниот претставник за спорот со Бугарија Бучковски, кој впрочем и договараше реципрочно емитување на националните телевизии.

Но додека во Македонија почна да се гледа бугаркиот канал, засега нема прецизен датум кога Македонската радиотелевизија ќе почне да се прикажува во Бугарија. Според Бучковски, деталите за ова ќе се прецизираат идната недела, а на 10-ти март во Софија, двете национални телевизии треба да потпишат договор за размена на програми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This