Пpoтести на Лешница пpoтив изградбата на мали хидроцентрали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Месноста Лешница на Шар Планина многумина ја сметаат за еден од најубавите предели на оваа планина. Ако порано до Лешница се доаѓаше само пешки или со теренско возило, сега, поради патот што е направен заради изградбата на една мала хидроцентрала, дотаму може да се дојде и со автомобил, а неодговорни излетници оставаат зад себе купишта смет. Поради ова, планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и стотина планинари од повеќе градови се здружија во акција на чистење, која ја нарекоа „Чисто, како Лешница после нас“.

Во акцијата која траеше неколку часови беа собрани десетици вреќи со смет. Акцијата се одвиваше во соработка со шумската полиција и јавното претпријатие „Национални шуми“, кои обезбедија транспорт на сметот од Лешница до Тетово.

Акцијата беше искористена за уште еднаш да се дигне гласот против изградбата на малите хидроцентрали, бидејќи една се гради токму на Лешница. Преку транспаренти „Спас за Лешница“, „Запрете ја хидромафијата“ и „Не го уништувајте срцето на Шара“, како и преку видеообраќање, беше побарано од надлежните државни институции итно да ја запрат изградбата на овој објект, кој, како што рекоа присутните, трајно ќе ги уништи Лешница и реката Пена.

„Како Зелен фронт на граѓани, планинари, мештани на шарпланинските села, екоактивисти и љубители на планината, со денешниот собир сакавме да го искажеме нашето одлучно НЕ против малите хидроцентрали на Шар Планина. Тие прават неповратна еколошка штета, а корист имаат само поединци, кои, користејќи ја поврзаноста со државните и финансиските институции, се обидуваат да профитираат, уништувајќи ја природата“, се вели во соопштението на „Зелен фронт“ испратено од протестот во Лешница.

Учесниците во акцијата на чистење и протестот најавија дека вакви акции ќе има и во иднина, додека целосно не се заштити природата на Шар Планина и не се престане со изградбите на малите хидроцентрали.

Извор: СДК

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This