ПPOТЕCТИ ВО ХОНГ КОНГ: Пoлицијaтa употреби бибep cпрej

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хонг Конг, 27 мај 2020 (МИА) – Полицијата на Хонг Конг денеска употреби бибер спреј, за да ги растера демонстрантите од центарот на градот, кои протестираат поради предлог-законот на Пекинг за национална безбедност.

Полицијата исто така го опколи и Законодавниот совет, каде треба да се дискутира за предлог законот.

Според демонстрантите предлог-закон е грубо мешање на Кинеската комунистичка партија во автономијата на Хонг Конг, додека Пекинг негира.

– Ние сме многу слободно општество, луѓето имаат слобода да го кажат тоа што сакаат. Виталноста и клучните вредности на Хонг Конг во однос на владеењето на правото, независно судство, различните права и слободи, во кои луѓето уживаат ќе продолжат да постојат, изјави лидерката на Хонг Конг, Кери Лам.

Таа вчера ги негираше тврдењата на странските политичари дека со законот Кина ќе има поголема контрола врз Хонг Конг по минатогодишните продемократски протести.

Законот, со кој се забранува „сеционистичка и субверзивна активност, странско мешање и тероризам“, најверојатно ќе биде усвоен утре. Критичарите оценуваат дека законот ќе биде во спротивност со правната рамка „Една земја – два система“, со која во Хонг Конг се гарантирани поголеми слободи од друите облкасти во Кина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This