Пpoтeсти пред неколку училиште во струмичко, родителите бараат настава со физичко присуство за сите ученици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Родителите на учениците во основните училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово и „Свети Кирил и Методиј“ во село Иловица, општина Босилово, излегона на мирен протест со барање нивите деца кои се во повисоките одделенија да се вратат во училишните клупи како и децата до трето одделение. Родителите сметаат дека училиштата ги исполнуваат сите услови за настава според протоколите

Директорката на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од село Иловица смета дека ги направиле сите неопходни подгототовки за почеток на наставата со физичко присуство, но не добиле дозвола и покрај тоа што два пати биле посетени од претставници на Државниот просветен иснпекторат.

-Тие дадоа позитивно мислење во однос на подготвеноста на училиштето за организирање на настава со физичко присуство на учениците во училиштето. Сметаме дека ги исполнуваме условите за таков вид настава и затоа бараме уште еднаш да биде разгледано нашето барање и да ни одобрат физичко присуство на учениците, рече директорката Софија Митрова.

Инаку, во основното учиште во село Моноспитово настава посетуваат 130 ученици од прво до деветто одделение, а во село Иловица 211.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This