Пpoфecop по poботика со cepиозни oбвинyвaњa: „Стpaгиjaта на нашите здpaвствени влacти е да не го coпиpaaт зapaзyвaњeто – никoj нe им мoжe ништo“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оние кои на социјалните мрежи го следат Битолскиот професор Дејан Трајковски, кој со месеци прави статистички анализи на ковид бројките во државата, забележаа дека професорот последните два месеци речиси и да го предвиде точно текот на пандемијата.

Тој при крајот на јануари предупреди за надоаѓачкиот бран од британскиот сој, а последниве дестина денови прогнозира дека пикот на истиот нема да биде на почетокот на април како што се претпоставуваше, туку нешто подоцна. Ова е неговата анализа:

„31.03.2021. Речиси точно до последната цифра беше совпаѓањето на денешниот број на новодијагностицирани, 1.511, со вчера прогнозираниот центар на интервалот 1.502 +/-160 (на четвртиот дијаграм).

Продолжува зголемувањето на дневните бројки но со се помало забрзување. Всушност големите бројки ја прават паниката, а не самата преносливост (ефективниот репродукционен број, којшто денеска е проценет на Rt = 1,12 ± 0,41).

Доколку сега би имале тотален 96 часовен локдаун и бројките би ги намалиле на помалку од 400, растот би бил сосема постепен и бавен, но вака, утрешните бројки се директен резултат на денешните големи бројки, помножени со факторот на раст (којшто е во врска со Rt и деновиве изнесува 1,015 – на третиот дијаграм), се разбира и под влијанието на денот во неделата.

Повеќе од очигледна е страгијата на нашите здравствени власти да не го сопираат заразувањето, туку преку негово форсирање да ја зголемуваат прележаноста (прокуженоста) и така бројките спонтано да се намалат.

Знаат дека никој ништо не им може, па можат да си го дозволат луксузот на неодговорно и непромислено однесување.

Процениле дека е подобро голем пик со кратко траење, отколку понизок, а развлечен пик – обратно од она во што не убедуваа на почетокот на епидемијата и што е поправилно.

Инаку, денеска во еден ден се поставени неколку рекорди на епидемијата: најголем дневен број на новодијагностицирани (1.502), највисок седумдневен просек на новодијагностицирани (1.114, портокаловата линија на првиот дијаграм), но исто така и највисок седумдневен просек на дневниот број на починати (33,7, зелената линија на вториот дијаграм), со што е соборен и рекордот од 27.11.2020.

Пикот на упокојувањето во ноемврискиот бран беше достигнат 10 дена по пикот на заразувањето, што значи дека пролетниот пик на упокојувањето ќе биде достигнат околу 20.04.2021, десетина дена по предвидениот пик на заразувањето, којшто најрано би настапил околу 10.04.2021.

Бројките се уште отсега високи, па е многу веројатно дека во некои денови во втората половина од месецот ќе има и преку 50 см -ртни случаи.

Што може тогаш да се каже за изјавата на ВФ (или ЖК беше тоа – веќе не вреди ни да се слушаат нивните изјави, ниту да се сфатат сериозно) дека пикот бил блиску и дека сега било доцна да се преземе нешто?

Кога на 29.01.2021 им беше кажано дека доаѓа британскиот сој, тогаш им беше пак рано.

Вчера рековме дека и намалувањето на бројките ќе биде долготрајно, односно ќе има уште многу см -ртни случаи до летото.

Значи, никогаш не е доцна за акција. Бадијала е сега да се коментираат задоцнетите, бесмислени и штетни реакции од властите, единствено може да им се упати порака до граѓаните да внимаваат што прават, затоа што допрва доаѓа најлошото, а нема кој да ги заштити.

Фејсбук статус на професорот Дејан Трајковски објавен на 01.04 2021 година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This