ПPOШТАЛНА СРЕДБА: Димитров се сретна со турската амбасадорка во земјава, Тулин Еркал Кара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари проштална средба со амбасадорката на Република Турција во земјава, Тулин Еркал Кара.

Димитров изрази благодарност до амбасадорката за заложбите во унапредувањето на билатералните односи и пријателството меѓу двете земји, посакувајќи и успех во следните професионални ангажмани и предизвици. Посебно беше нагласено задоволството што набргу Македонија од природен, ќе стане и официјален сојузник на Република Турција во НАТО, со што двете држави ќе соработуваат заедно во засилувањето на безбедноста на нашиот регион, но и на цела Европа.

Амбасадорката Кара, реафирмирајќи ја силната поддршка којашто Турција и ја дава на Македонија, изрази охрабрувачки пораки за претстојното финализирање на процесот на зачленување С Македонија во НАТО, како и за понатамошен напредок кон ЕУ. Воедно, изрази благодарност за одличната соработка и поддршка која и беше искажана од страна на македонските институции за време на нејзиниот мандат.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи кои бележат посебен подем во економијата, инвестициите, туризмот, културата, образованието, здравството и одбраната, како и за можностите за унапредување на соработката и во сите други области од заемен интерес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This