Пpo6иенa тajнaтa aплиkaциja нa Бeливyк: Пoлициjaтa ги имa cнимкитe oд moнcтpyoзнитe y6иcтвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белградската полиција пронашла монструозни снимки и фотографии на кои мафијашите од кланот на Вељко Беливук наводно колеле луѓе, им ги секле главите и им ги распарчиле телата.

Инспекторите кои со месеци ја водат истрага против оваа криминална банда успеале да влезат во заштитена апликација која служела како главно средство за комуникација на мафијашите, а таму ги нашле снимките.

-Дојдовме до ужасни откритија, од кои некои ќе бидат објавени со цел да се види за какви чудовишта станува збор, за некој случајно да не има дилема. Кланот Беливук, преку апликацијата која користи шифрирани податоци, ги договорале сите акции, продажбата на дрога, нарачувања убиства, …изјави за Информер извор од истрагата.

Тој тврди дека на монструозните снимки се гледа како убиваат луѓе, ги мачат, им ги отсекуваат главите.

-Тие си ги препраќале снимките едни на други, но исто така ги користеле како закана за нивните противници и соработници доколку одбијат да сторат нешто. Тие дури и ги испраќале снимките на семејствата на убиените во неколку наврати, тврди изворот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, завчера најави дека најновите грозоморни откритија за против криминалната група на Беливук ќе бидат објавени најдоцна до четврток.

Оваа информација ја потврди и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, кој истакна дека ќе гледаме работи „што не сакавме да ги видиме“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This