Пpopуски Дaкa, нaтовcко-мaкeдонска мaka

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малкумина зборуваат за градењето во ШИК „Јелак“ во Тетово, а уште помалку за вториот дел од „Дака“ проектот за австро-руско-кинески ветерници во Овчеполието, пишува Ивон Величковски за МКД.мк.

Со Криволак на дланка, исправени на 30-тина километри воздушна линија од него.

Изолирани од случајот „Дака“, реакциите на Софија за незаинтересираноста на Скопје околу примената на Договорот за добрососедство изгледаат прилично неразбирливи.

Отприлика исто како што на 10 октомври 2019 изгледаше неразбирливо барањето на бугарското Народно собрание во неговата Декларација за поддршка на почетокот на нашите ЕУ-преговори, во која меѓу другото, конкретно се бара „започнување процес на лустрација на соработниците од денешна Република Северна Македонија на службите за безбедност на поранешна Југославија“. Што во медиумските извештаи на македонски беше изоставено во 90% од текстовите. А денес практично и не се спомнува кај нас.

Интересна е затоа осмосептемвриската „честитка“ на БГНЕС со текстот „Скопје ги остава евро-атланските мантри за на телевизија, му дава пат на југословенско-мафијашкиот бизнис“ во кој констатира дека Миораг Дака Давидовиќ како „моќен спонзор на анти-европските и анти-натовските проекти на Балканот… добива поткрепа од бизнис партнерите на Заев и Ахмети“.

Во услови кога во Софија и Бугарија веќе еден месец се одвива политички судир меѓу власта и опозицијата во која сѐ почесто се препознаваат разликите меѓу прозападните и проруските правци кај нив, но и разликите во пристапот меѓу Европјаните и Американците кон Балканот. Еднакво како и на протестите во Србија по парламентарните избори, во Албанија една година порано, во Косово (со промената на владата) на почетокот на годината и во Македонија – веќе пет години.

Финализацијата на овој дел од инвестицијата на Дака доаѓа во навистина интересни денови за регионот – кога српскиот и косовскиот државен врв потпишаа „економски“ договор со политички и дипломатски импликации во Овалната соба, а црногорската опозиција потпиша Договор за формирањето на новата влада во која, меѓу другото, се обврза и „да ги спроведува меѓународните обврски на државата и зајакнување на соработката со НАТО и на реформите за полноправно членство во ЕУ; …да не иницира промена на државните знаме, грб и химна; и … да не иницира процедура за повлекување на признавањето на Косово“.

Каде се тука Македонија и Владата?

Во средината на случувањата, секако. Без сопствена надворешно-политичка стратегија сѐ додека пристапот на партиите е следење задачи во очекување за возврат мандат во владиниот кабинет. И на исчекување дали да се определат за европски финансиски или американски безбедносен „чадор“.

Без претстава дека решавањето на македонско-бугарските отворени (историски) прашања е од економско и безбедносно значење и за Македонија и за регионот. Поради што е потребно и македонската државна дипломатија и партиските меѓународни соработки јавно и јасно да објаснат три факти. Прво, дека пристапот на Софија „сега ни се петте минути да го притиснеме Скопје“ само ги засилува југо-инсталациите и нивните наследници добро распоредени во политиката, бизнисот и институциите да го форсираат досегашниот пристап – Скопје да биде заднина на Белград, а „Мини-Шенгенот“ да е новата југоносталгична замена за македонската политика која три децении по распадот на СФРЈ сѐ уште се проектира како да е дел од 24 милионска држава. Второ, дека утврдувањето на историските факти во кои историјата со Бугарија долго ни била заедничка, а потоа на периоди споделена, сѐ до националното ослободување во ХХ век ниту е слабост на македонскиот народ, ниту причина за наша фрустрација или нејзина проекција во односите со соседите или со албанскиот народ и другите заедници во Македонија. И трето, дека со медиумска блокада во која информативната, економската и културната сцена е во распон „од Богородица до Дрина“, невладино-ботовска цензура и политика на „некои прашања не заслужуваат одговор“ само ќе го (до)отворат просторот за влијанијата кои Македонија од јужно крило на Европа и НАТО ќе ја внесат во блиско-источната проблематика.

Без согледување дека македонската влада и политика не треба да го попречат уредувањето на српско-албанските односи (Белград-Тирана-Приштина) со своја непромисленост. Како што претставува игнорирањето на својот дел од задачите во доуредувањето на односите со Софија и Атина и игнорирањето на бизнис и инфраструктурното поврзување по линијата на коридорот 8. Едноставно, прашањето е колкумина воопшто и ја разбираат улогата на Македонија во трансформацијата на политиката во Белград кој расчистува со наследената „неврзана“ политика и лавирањето меѓу Вашингтон, Москва и Пекинг што за социјалистичка СФРЈ од 1960-тите имала логика во биполарниот свет, но за Западниот и воопшто Балканот во мултиполарлниот свет во 2020 нема никаква логика. И со сѐ поочигледната ориентација таа, како земја без излез на море, да добие пристап до Драч и конечно да го заземе своето место во евроатлански интегрираниот Балкан кој сака да се интегрира и во ЕУ.

Еднакво како потребата од уредување на односите во земјата, бидејќи талкањето меѓу премолчана бинационална држава и концептот „едно општество за сите“ што Заев евтино и еднократно го потроши меѓу 2016-20 ниту ја консолидира Македонија, ниту ги надгради Македонците или кој било друг народ или етникум, туку не врати назад на недовербата и меѓусебното непознавање од крајот на 1980-тите.

Затоа, обидот на Заев и СДСМ за итроманско изолирање од надворешната политика со препуштањето на МНР на ДУИ и ДПА од самиот почеток е прочитан како показател дека тој и неговата партија сакаат медиумски да се претстават како „кооперативни неутралци“. Едноставно, таа позиција е можна само доколку не е во Владата. Што полека, но сигурно го отвора и прашањето…

…А каде е опозицијата?

Без да ги преземе потребните чекори, засега, недоволно далеку од позициите на Владата. По првиот чекор, односно информирањето за проектот „Дака“ во Тетово, за видлива разлика и јасна порака, потребно е Мицкоски да ги иницира следните чекори: ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да побара јавно сослушување за аферата „Дака“ на премиерот и министрите за одбрана, внатрешни работи, сегашниот и поранешниот за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање, како и вицепремиерите за економски прашања во Владите на Заев и Спасовски и директорите на АНБ и претходно на ДБК во периодот на операционализацијата на сите преговори со Давидовиќ.

Имајќи предвид дека од слушнатите разговори во текот на изборната кампања во посредувањето на „бизнисот“ учествувало и лице инволвирано во аферата „Рекет“, потребно е да се види кои се врските во аферите „Рекет“, „1ТВ“ и доделувањето на бизнисите на Дака. Потоа, врз основа на тие сознанија со проблематиката треба да се занимаваат и собраниска Анкетна комисија и надлежните органи. И да се сноси политичка и кривична одговорност.

Притоа, опозицијата не смее во овие собраниски тела да учествува со претставници кои остварувале должности во извршната власт во периодот на македонската транзиција или имале политички или бизнис афилијација кон неа.

Паралелно, во овој процес треба да се отвори дијалогот со партиите и движењата од опозицијата во и надвор од Собранието и во и надвор од македонскиот етнички кампус, бидејќи градењето на новиот, модерен пристап во домашната и надворешната политика на Македонија зависи од препознавањето на изворните предизвици и изворните политики и политичари.

Во спротивно, Заев и СДСМ лесно ќе се рекалибрираат и ќе продолжат да го навлекуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ „на своја воденица“ со сублиминални шовинистички реторики и намигнувања што ќе создаде или потврди имиџ дека станува збор за подземен договор. Или неспособност на опозицијата, сеедно. А тоа на власта и преостанува како единствен излез.

Пишува: Ивон Величковски, иницијатор на Движењето за Нова Република

Извор: МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This