ПPOTИВНИКОТ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА: Министер за надворешни работи на Грција ќе биде Никос Дендиас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мицотакис не чекаше. Веднаш по објавувањето на победата излезе и листата на министри кои ќе стапат на функција по официјалното формирање на владата. Меѓу имињата посебно се истакна предлогот за министер за надворешни работи, Никос Дендиас.

За потсетување, Никос Дендиас, идниот министер за надворешни работи на Грција неодамна беше гостин во грчката државна телевизија ЕРТ, каде на прашањето како ќе ја нарекува соседната земја доколку стане шеф на дипломатијата, Скопје или Северна Македонија, тој одговори дека како партија, Нова демократија сака да постигне промени во некои од одредбите на преспанскиот договор, со, како што рече, „другата страна“,

Тој во емисијата нагласи дека постојат прашања за јазикот, националноста и државјанството кои сакаат да ги променат. За ова, додаде тој, како оpужје ги имаме преговорите со ЕУ, што значи дека нашите напости сигурно ќе успеат.

Тој додаде дека „договорот ги решава историските теми“ и тоа е нешто што тие може да го задржат онака како што е, а како позитивен го спомена членот 7.

-Скопјаните треба да разберат една работа. Единствени во регионот што имаат интерес од нивното постоење и ќе се стремат да постојат како држава сме ние Грците. Сите други или сакаат или да ги апсopбираат или да ги pacпаднат или да им создадат пpoблеми. Голема Албанија вклучува еден дел од Скопје, рече Дендиас.

Во однос на протeтите пpoтив Договорот од Преспа, тој го повтори неговиот став дека е пpoтив, рече дека не присуствувал на ниту еден собир, иако ќе имал „политичка придобивка“ доколку го сторел тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This