Пyтин го нajaви кpajoт на новиот светски пopeдок: Пoминa вpeмето кoгa CAД и Pyсија одлyчyваа за ce

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека времето кога САД и Русија одлучувале за се е минато.

Тој изрази подготвеност да разговара и со други земји за глобалните проблеми, ако се јави таква потреба.

Путин истакна дека Кина и Германија се движат кон статус на суперсили во смисла на своето политичко и економско влијание, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.

Во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември, Путин вели дека се надева оти новата администрација ќе биде подготвена за дијалог за безбедност и контрола на нуклеарното оружје.

Путин предупреди дека нема да има иднина без систем за контрола на оружјето и додаде дека безбедноста на Русија нема да страда без договор за контрола на оружјето.

Исто така, рускиот претседател ги повика Соединетите држави да и помогнат на Русија да постигне решение за конфликтот во Нагорно Карабах, каде, според Путин, загинаа околу 5.000 луѓе.

„Има многу жртви, повеќе од 2.000 од секоја страна“, рече Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This