Пykaњe вo Њујорк: Нajмaлкy 10 лицa ce paнeти – нaпaѓaчитe пoбeгнaлe нa мoтoцикли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 10 лица се повредени во масовното пукање што се случи во саботата доцна навечер во Њујорк.

„Нивната возраст се движи од 19 до 72 години, а поради повреди опасни по живот, тие се лекуваат во локалните болници“, соопшти њујоршката полиција.

Полицијата доби бројни повици со предупредување за пукање во саботата околу 22:38 часот, пишува Си-Ен-Ен.

Побегнале на мотоцикли

„Според прелиминарниот извештај, двајцата мажи дојдоа на 37-та авенија и почнаа да пукаат“, рече Гален Фриерсон од полициската станица.

„Напаѓачите тргнаа кон група луѓе и испукаа бројни истрели, а потоа се качија на два мотоцикли управувани од двајца други мажи и побегнаа од местото на настанот“, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This