РАБОТАТ ВО ПАРТИЈА, А ЗЕМААТ ПЛАТА ОД МВР: Наместо да одат на работа во МВР, работат во партија, а земаат буџетски пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветуваа подобри услови, повисоки плати, непартиска и професионална администрација, а во пракса состојбата е многу поинаква. Владејачката СДСМ секојдневно покажува дека „деклративните„ заложби за професионална и непартизирана полиција паѓаат во вода – пренесува Курир.

 

Последен во редот вакви пример е советникот и висок функционер на СДСМ од општина Струга Даме Ложанкоски, кој од пред неколку дена е вработен како советник на Министерот за внатрешни работи. Работното место на Ложанкоски е Генерален советник за правни работи во Кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Вработувањето на Ложанкоски е спорно од неколку причини: Прво, согласно со законот за внатрешни работи лице кое е вработено во министерството за внатрешни работи не смее да извршува партиска позиција или да биде член на било која партија, но и покрај тоа на фејсбук профилот на Ложанкоски јавно е напишано дека истиот е вработен во партискиот штаб на СДСМ и второ и најинтересно е што во Министерството за внатрешни работи каде што треба да ги обавува своите работни обврски ниту некој го видел или пак некој слушнал за ваков колега и покрај тоа што истиот прима плата и се води на списокот на вработени во МВР.

Според медиумите Ложанкоски до сега извршувал неколку високи партиски функции: Претседател на младина во Струга, секретар на СДСМ – Струга и Претседател на СДСМ Струга.

Од тука се напетнуват низа прашања: Дали МВР ја плаќа партиската администрација на СДСМ? Како е возможно вработен во МВР јавно да објави дека работи во СДСМ? Дали ова е непартиската администрација за која се залагаше СДСМ? Дали е чесно и совесно да земаш плата од државата е да извршуваш партиски функции?

Со ова уште еднаш се потврдува факттот дека СДСМ секојдневно врши партизација и политизација на администрација. Денешниот пример е уште еден доказ за тоа. Доказ за грубо кршење на законите и непочитување на постапките и процедурите. И најлошо од се е што токму такви лица кои го кршат законот треба да го советуваат министерот за внатрешни работи за правни работи.

За да биде трагедијата уште поголема токму лица кои што секојдневно се во штабовите на СДСМ се товар за буџетот и ја чинат државата повеќе од 60 илјади денари. Тоа е истиот оној буџет во кој што нема пари за покачување на платата на вработените во МВР и буџет за кој што Спасовски во неколку наврати лажно обвинуваше дека незаконски се трошел.

Од ВМРО ДПМНЕ во неколку наврати апелираа за брутална партизација на администрацијата и го повикаа меѓународниот фактор во државата да се спротивствави на секојдневното кршење на законите.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This