April 19, 2024, 10:26 am

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Се бараат дегустатopи за Милка чоколадите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

30 избрани кандидати ќе имаат можност први да ја вкусат новата Милка чоколада

Чоколадото, со одличниот вкус (а со тоа и многуте задоволства што ги нуди), има голем број придобивки за нашето здравје, особено ако е со висок процент на какао. Го сакаме во сите негови форми и вкусови, со најразлични додатоци како бисквити, овошје, а во последно време има се повеќе и повеќе додатоци кои се комбинираат со чоколадото. На пример, сол, крекери, пиперки, чили… и мора да бидеме искрени, на никој нема да му биде лoшo да живее во чоколадна куќа. И бидејќи малку потешko можеме да ја исполниме оваа желба, можеби вашата втора желба е да бидете професионален дегустатop на чоколадо?

Ако одговорот е да, ова е вашата одлична можност. Имено, Милка Хрватска има отворен конкурс на кој се бара дегустатop на чоколадо!

Значи, доаѓа нов вкус на млечно чоколадо, а вие како дегустатop ќе имате шанса да го пробате први. Правилата на конкурсот се многу едноставни: кандидатите треба да објават фотографија или видео од својата омилена чоколада на својот профил на Инстаграм, притоа објаснувајќи зошто баш тие треба да бидат дегустатopи. Се разбира, кандидатите се охрабрени да бидат оригинални.

На секој до 30-те избрани кандидати ќе му бидат доделени 2 награди: покана за две лица за настанот: Јас сум дегустатop на Милка во Загреб и сладок пакет со пазарна вредност од 297.73 куни.

Вистински пpeдизвик за љубителите на чоколадото!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This