РАБОТА САМО ЗА БАЛКАНЦИ: Платата е 1500 евра, а еве што треба да правите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индискиот стартап „Вејкфит“ (Wakefit) се занимава со здраво спиење и одмор, односно со душеци кои тоа го овозможуваат. Компанијата бара почетници кои би спиеле на работа осум часа, 100 дена по ред, а за таа „тeшка“ работа ќе бидат платени околу 1.300 евра.

Најдобро е што сето тоа се случува дома и не мора да се патува до работното место.

Според пропозициите, идеални кандидати се оние „кои се чувствуваат пријатно во околината, која не е динамична, и можат да замислат и предложат стратегии со кои тие и останатите членови на нивниот тим ќе заспијат во длабок сон и ќе спијат колку е можно подолго“.

Ако успеат да докажат љубов кон удобното лежење, мирната околина, попладневниот одмор и љубов кон топол дом, тие карактеристики посебно ќе се вреднуваат.

Основниот услов за добро извршена работа е речиси фанатичната желба и способност да заспиеш кога било и каде било. Од кандидатите се очекува и да сакаат да минуваат време во своите пижами. Еден од условите кој треба секако да се исполни е да не се претерува со гледање телевизија и серии, а компјутер во текот на работното време не е дозволен. Предност имаат лицата кои можат вешто да ги игнopираат пораките и известувањата на смартфоните, а оние кои гpчат се исклучени.

Целата приказна за оваа работа всушност се однесува на набљудување на начинот на спиење на новата линија душеци, направена од индиската компанија. Исто така, ќе бидат понудени и совети за оние кои имаат пpоблеми со сонот.

„Вејкфит“ е компанија која во Индија, но и во светот, веќе се има прославено со предлогот за воведување простории за брз попладневен одбор во индиските канцеларии, кратко спиење по ручекот, бидејќи резултатите од спроведеното истражување покажале дека 86 отсто Индијци веруваат оти би биле попродуктивни по еден таков краток одмор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This