РАБОТЕВ КАКО ШАНКЕРКА И ПРАВЕВ КАФИЊА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА:Сопругата на Ѓоковиќ отворено зборуваше за тешките мигови од младоста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јелена Ѓоковиќ денес е успешна деловна жена, на која многумина и завидуваат на успехот и животот во изобилство. Меѓутоа, таа не крие дека нејзините почетоци не биле лесни.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ и директорката на Фондацијата Новак Ѓоковиќ уште како тинејџерка сакала да студира во странство, а како би си ја исполнила таа желба почнала да работи и да се снаоѓа сама.

-Јас последните 14 години не живеам во Србија и не живеам по системот во кој живеат нашите млади луѓе. Мојата прва работа беше на 16 години во парфимерија. Потоа работев во обложувалница, како шанкерка, правев кафиња, сокови и таа работа ја работела за да заработи за карта до Италија и да замине на студии, раскажа Јелена во гостувањето кај Јована Јоксимовиќ и Срџан Предојевиќ во Утринската програма на ТВ Прва.

Таа се осврна и на работата на фондацијата која го носи името на нејзиниот сопруг, а водителите ја прашаа на кој начин фондацијата се финансира.

-Постојат многу луѓе кои се јавуваат и нудат помош, како материјална така и физичка и многу им благодарам на тоа. Но најголеми донатори сме јас и Новак. Ние не сакаме тоа да го истакнуваме, затоа што се смета за лична промоција, но сфативме дека доколку говорите за тоа поттикнувате и други луѓе да донираат.

Она што е малку непријатно прашање, но ве прашуваме вас затоа ова е потполно друг модел по кој функционира фондацијата, вие сте тие кои најмногу донираат. За која цифра станува збор?, запраша Јована Јоксимовиќ.

-Ние вложуваме околу 2 милиони евра  на годишно, искрено одговори Јелена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This