РАБОТЕН КОМИТЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: Мобилизација на сите – од министри до службеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евроинтегративниот процес во државата ќе се забрзува со општа мобилизација на администрацијата. Вицепремиерот Бујар Османи, денеска прогласи вонредна состојба за вработените во државните органи. Смета дека нивната работа е исклучително важна во исполнувањето на обврските за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

„Да ги повикам сите луѓе во администрацијата од министри до последниот службеник во администрацијата, да бидат во функција на овие историски денови за државата. Меѓу тоа да ги повикам и политичките партии, секој политичар да ги остави на страна за неколку месеци своите агенди и да се вклопи во оваа важна државна агенда за Р. Македонија“, изјави Бујар Османи, Вицепремиер задолжен за европски прашања.

„До крајот на 2019-та очекуваме да се поминат сите поглавја, вкупно 34 и од средината на годината, доколку се постигне очекуваното, добиеме позитивна препорака за почеток на преговорите од Европската комисија и нејзиниот извештај кој на средината на годината треба да се објави и добиеме позитивна политичка одлука во јуни од Европскиот совет тоа ќе значи официјално формално почнување на преговорите“, изјави Бојан Маричиќ, Технички преговарач.

Вицепремиерот Османи очекува дека наскоро ќе се формира и Антикорупциската комисија бидејќи како што вели не е добра политичка порака за Брисел да се одржат уште едни избори без комисија која ќе ја следи работата на политичките партии.

„Затоа овие алтернативни начини на предлагање преку ЕУ знаменце или по предлог на самите пратеници од двете страни е легитимно. Сметам дека и нашето брзање е легитимно, а е легитимно и на политичките партии за наделжностите кои ќе ги има комисијата кои се дуплираат меѓу УЈП и Државниот завод за ревизија“, изјави Османи.

Инаку засега не се знае кога Европската комисијата ќе го објави извештај за напредокот на Македонија. Вицепремиерот Османи вели дека тоа може да се одложи заради изборите во Европскиот парламент но не ја исклучува можноста извештајот наместо во април да се објави на средина од годинава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This