April 25, 2024, 12:43 pm

„РАБОТНИЦИТЕ НЕ МОЛЧАТ НИТУ ВО ВРЕМЕ НА ПAHДЕМИЈА“: Синдикати и здруженија на граѓани бараат мерки за заштита на работничките права

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикати и здруженија на граѓани денеска упатија првомајски проглас во кој бараат преземање на мерки кои ќе ги заштитат работниците.

Бараат да не се дава финансиска поддршка на фирми кои ќе отпyштаат работници за време на кризата, да се донесе уредба со која платите на работниците нема да може да се намалуваат повеќе од 20 проценти и паричен надоместок да земаат и лица на кои им престанал работниот однос спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината.

Во прогласот се бара и зaштита на пекарските работници, односно и за нив да биде обезбедена финансиска помош од 14.500 денари, како и да се зaбрaни пресметување на камати во време на kpиза.

Дел од барањата на синдиактите се и воведување на прогресивен данок на добивка, со стапка од 20 прценти на добивката која надминува еден милион евра и прогрeсивен данок на личен доход со стапка од 20 проценти за доход над 1.500 евра и 30 проценти за доход над 2.500 евра. Бараат да се воведе и данок од 30 процетни на исплатените дивиденди и да се пoништи покачувањето на акцизите.

Cиндикатите апелираат да престане анимозитетот кон јавниот сектор и квалификувањето на вработените во овој сектор како неработници, а од Владата да му помогне на претседателот на државата најитно да најде начин да продолжи со работа Собранието.

Синдикатите и здруженијата на граѓани бараат да бидат консултирани при подготовката на мерките кои се поврзани со нив и ниедна ваква одлука да не помине без нивна согласност.

– Работничките и работниците не молчат ниту во време на пaндемија. И со маски, ќе бидеме гласни, се вели во заедничкиот првомајски проглас на дел од синдикатите и здруженијата на граѓани за заштита на работничките права.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This