РАДА СЕ СПРЕМА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: На идната амбасадорка во НАТО и рекла спремај се јас ке ти ги потпишам акредитивите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој претседател на државата сака да си има свој човек од доверба за амбасадор во НАТО. Шеќеринска веќе ја спрема Катерина Ставревска за тоа место, порано вработена во МНР, а сега шеф на нејзиниот кабинет. Шеќеринска и рекла на Ставревска “спремај се за амбасадорка во НАТО, изгледа јас како Претседателка ќе ти ги потпишам акредитивите за Брисел“, пренесува Магазин.

Катерина Ставревска веќе подолго време е активист на СДСМ во Општинската Организација на партијата Центар и така како партиски кадар започнала со работа во МНР пред 13-тина години. Во МНР таа работела во повеќе сектори, како во конзуларниот оддел, секторот за односи со европските држави. Според информациите кои кружат во јавноста се работи за многу амбициозен и лојален партиски кадар на СДСМ, која секогаш им помагала на партиските тела кои на “Бихаќка“ се занимавале со надворешна политика.

Според извори на Магазин во М.Одбрана, после ургенцијата на Шеќеринска кон Заев, се очекува владата да ја номинира за амбасадор на Северна Македонија во НАТО-Брисел, по што ќе почне постапката за добивање на агреман од овој воен сојуз каде државава за една година ќе стане членка.

Ваквата номинација на својот човек од највисока доверба за амбасадорка во НАТО, навестува дека Шеќеринска е се посигурна дека токму таа ќе биде кандидатот на СДСМ за претседател на државата.

Радмила Шеќеринска е исклучително блиска и со Теута Арифи и Муса Џафери во рамките на ДУИ, а ваквото нејзино позиционирање дава простор да се надева дека и партијата на Али Ахмети ќе ја прифати токму неа како заеднички коалиционен кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Шеќеринска лобирала и во рамките на женското лоби во Социјалистичката интернационала, каде што СДСМ е членка, да даде добри препораки дека е добро за имиџот на Македонија да ја има и првата жена за шеф на државата. Сепак, оној што сеуште треба да биде убеден е Зоран Заев, кој е лично многу близок со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This