(Видео) Радев: Бугарија бapa гapaнции зa пpoшиpyвaњeтo нa ЕУ co Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова го изјави претседателот Румен Радев, по денешната средба со португалскиот колега Марсело Де Соуза кој е во дводневна посета на Софија.

„Најважната задача е да се врати полноправниот дијалог на сите нивоа меѓу Софија и Скопје“, рече Радев. Тој истакна дека португалското претседателство и лично претседателот може да помогнат да се најде конструктивен пристап, јави БГНЕС.

„Овој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите за кои зборуваме и почитување на нивните позиции. Врз основа на овој пристап, гледам отворање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на релевантни патокази, релевантни документи и на сите структурни нивоа, што ќе ги даде соодветните гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен “, рече Радев.

Околу тоа дали Скопје ги исполнува условите, како што пренесува агенцијата Радев истакнал дека постои цела листа на формални услови, меѓу кои и – децата од двете земји да не се мразат.

„Кога ја формирав привремената влада, поставив задачи привремените министри за туризам, образование и надворешни работи да размислуваат како да ги зближиме нашите млади луѓе. Наместо да плаќа мерки за одржување на туризмот во живот, државата треба да им даде пари на овие хотели, со што ќе се обезбеди целосна поддршка на децата, студентите од Бугарија и наши пријатели од Македонија“, рече Радев, додавајќи дека ја споделил оваа идеја со македонскиот претседател Стево Пендаровски за време на нивната заедничка посета на Рим.

„Ова ќе биде исклучително важен чекор што ќе ги отвори вратите на нашите две земји кон одржлива и стабилна иднина. Во него ќе имаме пријателство не со документи, ниту со декларации, туку вистинско пријателство и почит кон луѓето од двете страни на границата “, додаде Радев.

Бугарскиот претседател истакна дека Бугарија има најголем интерес за интеграција соседите во ЕУ и се заблагодарил за огромните напори на португалското претседателство за продолжување на дијалогот, но истакна дека проширувањето не треба да се гледа механички.

„Проширувањето не е спринт каде треба да се стигне во одредено време. Ова е заедничко патување на пријатели во одржлив и неповратен процес“, рече Радев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This