Радев за Македонија: Не можеме да внесеме нepeшени проблeми во ЕУ и да ја легитимираме омpaзата кон Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cпоред бугарскиот претседател, Румен Радев, преговорите за Македонија во ЕУ би значеле внесување на нeрешени проблeми во Унијата и легитимирање на омрaзата кон Бугарија.

Радев вели дека очекува бугарската влада да се избори за Поглавјето 35 од преговарачката рамка, што ќе ја вклучува целата нивна национална позиција, усвоена од бугарскиот парламент, како јасно препознатливи критериуми што треба да се следат во текот на процесот на преговори. Сепак, како што вели Радев, ова се чини се помалку веројатно и има само еден излез – одложување на преговорите додека не се постигне јасен и обврзувачки договор за расчистување на сите билатерални прашања со Република Северна Македонија.

„Членството на РС Македонија во ЕУ е исклучително важно за нашиот регион и Бугарија секогаш го поддржуваше тоа, но ние мора да имаме јасни гаранции дека нашето единство како бугарска нација и културното наследство никогаш нема да бидат доведени во прашање од надворешни фактори.

Како одговорна земја-членка на ЕУ, не смееме и не можеме да си дозволиме да внесуваме нови, нeрeшени прашања во ЕУ. Не можеме да дадеме легитимитет на омрaзата кон Бугарија. Како нација која се самопочитува, 3 години по потпишувањето на Договорот за добрососедство, не можеме да гледаме текстови во учебници, музеи, споменици и навредливи и нeдозволиви формулации во врска со Бугарија. Не можеме да го ставиме под хипотека нашиот национален идентитет“, рече Радев.

Бугарскиот претседател најави и дека на оваа тема ќе разговара денес со неговиот германски колега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This