Радев: Очекуваме зaштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Скопје, отстранување на сликата за Бугарија во учебниците, спомениците и тамошните медиуми и пpekин на говорот на омpaза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Притисокот врз Бугарија во наредните месеци на тема Република Македонија ќе продолжи да се зголемува, рече бугарскиот претседател Румен Радев, кој престојува во Словенија на Бледскиот стратешки форум.

-Очекувањата за компромис со Бугарија растат бидејќи во последниве години односите со Скопје беа во ќорсокак, а Бугарија остана изолирана, објасни претседателот Радев.

Претседателот повтори дека главниот приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Македонија да стане членка на ЕУ, но да ги исполни своите обврски.

-Очекуваме заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Скопје, отстранување на сликата за Бугарија во учебниците, спомениците и тамошните медиуми и прекин на говорот на омраза, додал претседателот.

Радев им се заблагодари на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Зоран Заев за враќање на дијалогот на највисоко ниво, во која насока се систематските напори на преодната влада.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This