РАДИКАЛИТЕ ОД БЕСА СО ЗАКАНА: Тоа што Иванов го зборува не е негова надлежност – албански ќе се зборува на цела територија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето БЕСА во изјава за А1он реагира на говорот на Претседателот Иванов кој во своето обраќање кажа дека нема да дозволи бинационална држава и двојазичност на целата територија на Македонија.

levizja-besa-1

– Македонија мора да пристапи кон редефинирање на политичкиот систем, на меѓуетничките односи и на севкупниот државен систем, каде што и албанскиот јазик ке биде официјален на целата територија на Македонија. Тоа што го има изјавено г. Иванов не е во надлежност на Претседателот на државата, рече за А1он Фатон Фазлиу, шеф на кабинетот на Претседателот на БЕСА.

Иванов во својот говор се повика на својата функција командант на вооружените сили дека ќе го прави она за што положил заклетва и дека ќе го брани суверенитетот и територијалниот интегритет, но и унитарниот карактер на државата.

Воедно, претседателот Иванов додаде дека нема да дозволи Македонија да стане бинационална држава.

Оваа идеја за бинационална држава, федерализирана и двојазична ја промовираше СДСМ и Зоран Заев во текот на предизборната кампања, што предизвика зголемување на очекувањата на Албанските партии во државата.

 

27 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This