РАДИОАКТИВЕН ОТПАД ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: 16 тони радиоактивно ракетно гориво фрлено во Ѓорче Петров, уште колку има на Криволак?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во скопската општина Ѓорче Петров постои складиште кое има 16 тони гориво за ракети за растерување на облаци кое одамна требало да биде отстрането, ги предупредил НАТО македонските надлежни органи. Се работи за радиоактивен отпад во Ново Село во објект на Макпетрол Темко.

Се уште никој не ја презеде да го уништи овој опасен материјал. Макпетрол Темко вели дека има договор само да го чува горивото, а не и да управува со истото.

-Макпетрол е сопственик на местото, додека отпадот е на Република Македонија. За сите прашања во врска со работи кои се чуваат тука, треба да се јавите на соодветните служби на Владата на Република Македонија, соопштиле од таму за Алсат ТВ.

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека уништувањето ќе биде направено со почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност за јавноста.

-Тоа е гориво кое повеќе не е потребно. Сите методи на уништување ќе бидат направени врз основа на еколошките стандарди и со јавен оглас – истакна Макрадули.

Потврда дека на територијата на Македонија се користел осиромашен ураниум поконкретно на Криволак дадоа поранешни офицери на НАТО кои служеле во Македонија во своите писма до британски Гардијан.

 

-Не земајќи ги во предвид го војниците, што е со милиони луѓе кои треба да живеат тука? Неодамна војниците на НАТО држеа вежби користејќи жива муниција со осиромашени ураниумски на воениот тренинг-центар на Криволак во централна Македонија. Ова следува по откровението дека кога паднале бомби во Македонија, македонски полицајци работеa без заштитна опрема, додека војниците на НАТО се појавија во заштитни костуми. Токму поради тоа, НАТО морало да знае за можни ризици, пишува екс офицерот на НАТО, Џулијан Пак за британски Гардијан.

Покрај потврда за фактот дека на Криволак се користел осиромашен ураниум успеавме да добиеме и потврда во едно од истражувањата дека таму сепак македонската влада планирала изградба на бункери за радиоактивен отпад. Од тогаш до ден денес околу овој проект  има многу контроверзири, бидејќи овој проект е задскриен зад велот на бирократската мистерија. Иако се обидовме да добиеме повеќе информации околу ова наидовме на ѕид од комисии, рангови и хиерархија.

-Во март 1999 година, македонската влада ги објави своите намери за изградба на  радиоактивен отпад во близина на воената база на НАТО на Криволак. Шефот на македонското Министерство за животна средина, Сокол Клинчаров, изјави дека верува дека оваа локација е најпогодна за изградба на објект за складирање на овој опасен отпад.  Регионот, според Клинчаров, е најсув регион во земјава и нема подземни води. Тој, исто така, го поддржа планираниот објект во овој регион, бидејќи областа е наводно ретко населена, има малку вегетација и мал број регистрирани ретки или загрозени видови, истражување  за ,,Употребата на ураниум во воени цели на НАТО”.

http://mandalaprojects.com/ice/ice-cases/nato.htm

За жал медиумскиот мрак притисоците врз новинарите, аналитичарите, професорите и експертите беа посилни од нашите барања за подетални информации во врска со темата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This