РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ФАТЕНИ НА ДЕЛО : “Фрла пари на ФБ” за да тера кампања против Груевски

Поврзано

- Advertisement -
Спротивно од сите новинарски правила и прописи, претставништвото на „Радио Слободна Европа“ во Скопје тера политичка кампања наместо да се занимава со новинарство.

bust640
- Advertisement -

Од авион се гледа дека задачата на овој медиум е да штанца текстови со пристрасна содржина, а згора над тоа и ги спонзорира ваквите вести на социјалната мрежа Фејсбук.

Текстовите кои ги објавува РСЕ се со препознатлива пропагандна цел и исклучиво во одбрана на тезите и политиките на СДСМ. Кога се читаат ваквите вести на РСЕ, истите наликуваат како да се чита партиско соопштение на СДСМ.

„Радио Слободна Европа“ вчера ширеше и спонзорираше текст дека хајката против невладините организации водела до поголема криза. Правејќи рецензија на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за „Република“, РСЕ денеска излезе со нов наслов против ова интервју, тврдејќи дека „Груевски им се додворува на партиите на Албанците“.

Читателите реагираат на ваквото пристрасно новинарство од овој сервис и бараат одговор колку пари се трошат на спонзорираните текстови на социјалните мрежи, кој тоа го финансира и која е целта на ваквата политика.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This