April 17, 2024, 12:37 am

РАДОСНО ЌЕ СИ СЕ ТРУЕМЕ: Шилегов ќе потроши 300.000 евра за лампиони, 0 денари „за чист воздух“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога Петре Шилегов ја превзема градоначлничката функција, градот веќе доцнеше со новогодишното украсување, а по скопските улици и на плоштадот преовладуваше сивилото на маглата и пекот во грлата од загадениот воздух.

Тогаш се уште поведен од изборната кампања и ветувањата беше спремен од џеб да извади воздух и да им го даде на граѓаните.

Рака на срце, украсувањето доцнеше поради законските прописи и изборната кампања кој се преклопуваа и противречеа, а  законот не дозволува трошење буџетски средства за време на изборна кампања што и го остави градот тмурен во „новогодишната еуфорија“.

Главниот удар дојде кога мнозинството во Советот на Град Скопје на чело со Шилегов одлучи да нема прослава на градскиот плоштад, традицја која континуирано се организираше со години, години наназад.

Средствата кои беа наменети за новогодишната прослава се пренаменија за хуманитарни цели, а дополнително се посочуваше дека една од причините е загадувањето на воздухот и дека не е паметно да се организираат собири на отворено.

Една година подоцна, што се смени?

Неколку минорни интервентни мерки кои некако не влиаеја и не успеаа да го намалат загадувањето, но ете сепак оваа година изгледа не е толку лоша состојбата со воздухот во Скопје, полоша е.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This