РАДО, ДАЈ ПИШИ ЕДЕН ТОЧАК ЗА ЧОВЕКОТ: Заев ќе оди и ќе нуди се и сешто, затоа што знае дека ќе загуби!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес истакна дека во следниов период, Зоран Заев како и досега ќе ветува се и сешто.
zoranzaevoliverspasovski

-Нормално ќе го гледаме Заев како оди по улица и нуди се и сешто. Прашува луѓе во стилот „на тебе што ти треба“, па наместени луѓе од СДСМ со подготвен текст ќе речат „јас сакам точак“, „Нема проблем во нашата програма ќе влезе точак за тебе“. Па се врти и ѝ вика на Радмила, „Радо пиши еден точак“. Затоа што нели човекот се обврза дека ќе ви даде ЖИВОТ на сите, таков му е слоганот. Заев ќе ви даде живот, затоа што како што добро знаеме и самиот тој нагласи на телевизија, тој е од Господ црпнат од нивата и донесен на ова место. Не за џабе. Замислете како го смислувале слоганот, колку напор требало Заев ќе ви даде живот. Само запрашајте се за кого треба да гласам и што тој човек може да направи и понуди за сопствениот народ и држава, реално што може да направи и понуди, рече Груевски.

Тој потенцира дека тактиката на СДСМ им е следната:

– Прво тргнаа да ја казнат дијаспората. Па, десен блок, шарена револуција, десницата да се занимава со самата себе, ВМРО да се занимава со ВМРО, а реално тоа се неколку луѓе кои треба да одработат за Заев, да отцепат некој глас од ВМРО, далеку од доволно тие да имаат пратеник, но со надеж дека ќе е доволно ВМРО да загуби пратеник, и центар и лево да опфатат колку што можат. И нормално Катица да е здрава и жива, да си штанца пријави по секаков основ и да држи прес-конференции за тоа во целиот изборен период со измислени обвинувања без вина и без правен основ и докази. Може ќе добијам и обвинение што денеска на настанов сме се собрале повеќе луѓе од СДСМ на нивниот. Чисто онака колку да не е без работа. Колку да си ја заработи платата жената. Највисоката во државата плата. Па не за џабе буџетот им е 4 милиони евра. Па внук и мора да земе плата месецов, исто и уште 100-тина Сдсмовци вработени таму, нивни роднини, комшии и пријатели кои нели го „зајакнуваат капацитетот“ на СЈО. Освен супер активно СЈО, со штанцање на пријави и обвинувања, кои веќе се прочитани од народот и немаат никаква тежина, освен притисокот кој во континуитет ќе го вршат врз судот и од тука и од надвор, ветувањето за се и сешто кон народот од страна на Заев и неговиот криминален клан, освен уфрлувањето на разни преваранти, криминалци и бивши разузнавачи да направат забуна пред изборите и осмислените и советувани други два блока кобајаги трети патишта, чија единствена употребна вредност ќе е да направат барем мала штета на ВМРО, што секако нема да им успее бидејќи веќе се прочитани, сите се прочитана книга, стратегија дадена како совет од оние кои на СДСМ им кажуваат што да прават, во овој изборен период, ќе се соочуваме и со ситуации како оној случајот со криминално полициската хајка против Диме Спасов во која за среќа ги видовме снимките и се ни е веќе јасно, истакна Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This