April 19, 2024, 12:43 am

РАДУВАЈ СЕ, МАКЕДОНИЈО: Вардар вторпат е шампион на Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордоста на Македонија пак ја израдува нацијата. Вардар е европски првак во ракомет и тоа во година во која имаше милион проблеми и никој тоа од него не го очекуваше. Во финалето во Келн, вардарци го совладаа вечниот губитник на финалиња Веспрем со 27-24 (16-11) и вторпат се е европски шампиони.

Карачиќ го почна финалето, а Штербик остана на клупата. Двете екипи почнаа цврсто во одбрана и со одлична реализација во нападот. Вардар прв се одлепи и Карачиќ и Дибиров погодија за 6-4 во 10. минута. Во 14. минута Мораше од отпадок го матира Миклер за +3 за македонскиот првак.

Екипата на Парондо дојде и со четири гола предност, но истата ја преполовија Нилсон и Мае, кои профитираа од исклучувањето на Кристопанс (11-9). Дејвис го менуваше тимот како би го нашол вистинскиот ритам, но Вардар делуваше похомогено во првиот дел.

Во 25. минута Кристопанс постигна ефектен гол и стручниот штаб на Веспрем побара минута одмор при 15-10. Унгарците беа во шок и Скубе од чекор ја зголеми предноста на високи шест гола. Скоро перфектното прво полувреме Вардар го круниса со предност од 16-11.

Карачиќ со гол за највисока предност го отвори вториот дел. Сепак, Штербик застана на голот и Ненадиќ погоди од контра за 17-14 во 35. минута. Наместо ја зголеми предноста, бидејќи имаше човек повеќе Вардар прими три гола и при 17-16, Парондо побара минута одмор.

СЕХА-шампионот брзо се консолидира, погодија Карачиќ и Дибиров за +3 на половина од вториот дел. Се менуваа позитивните период на двете екипи и Мае од седмерец намали на 20-19 во 47. минута. Гебдан застана на голот наместо Милосављев и одбрани две важни топки кога се „кршеше“ резултатот. Следеше важен гол на Кристопанс за +3 на девет минути до крајот.

Следеше серија на седмерци и Вардар одржуваше најмалку два гола предност. Штербик и Мае блеснаа и Веспрем се доближи на 24-23. Сепак, Милосављев и Кристопанс како и вчера ја презедоа одговорноста и со клучни голови и одбрани го доведоа Вардар на чекор до победа. Чупиќ од седум метри донесе +3 на две минути до крајот и вардарци без драма и треперење го приведоа натпреварот кон крај, славејќи со 27-24.

Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола, а кај Веспрем се истакнаа Мае со шест и Тонесен со четири погодици.

Превземено од Гол мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This