Радуловиќ: Играчите го дадоа cpцето за титула, за мене сето ова е како во – сон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дефинитивно меѓу најрадосните по третата по ред победа на МЗТ Скопје над Еуро Никел во финалната плејоф-серија, која значеше осма титула за аеродромци, беше тренерот Дарко Радуловиќ, кој на клупата седна во вториот дел од сезоната и ја финишира со – двојна круна.

Тој сите заслуги за големиот успех ги префрла кај кошаркарите, кои го оставиле срцето за да се дојде до целта.

„Секоја чест на овие момци. Низ целата финална серија се направи фама дека ние имаме подолга клупа, а реалноста е што двете екипи играа со иста ротација со осум играчи. Ние настапувавме со тројца странци, без Карачиќ и Тарнер, имавме најмногу средби одиграно за најкраток период и пак на крај победивме. Овие играчи се шампиони, го оставија срцето на терен, дадоа сѐ од себе и испочитуваа сѐ што се договоривме и апсолутно заслужено сме шампиони“, изјави Радуловиќ.

Тој секако потенцира дека удел во успехот има и претходната гарнитура тренери на МЗТ и дека сѐ уште мисли дека сонува.

„Тоа што јас нешто успеавм да имплементира е во ред, исто како што имаа свој импакт врз играта и резултатите од претходните луѓе во стручниот штаб. Кошаркарите беа максимално професионални, ме прифатија максимално ниво, а прифатија и сѐ од кошаркарска страна. За мене е ова како во сон“, дополнува младиот стратег.

Радуловиќ со ова влезе во друштво на Јорданчо Давитков, Емил Рајковиќ, Александар Јончевски и Ѓорѓи Кочов, како петти во историјата на макбаскетот кој има титули и како играч и како тренер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This