РАЗБИВАЊЕ НА МИТОТ ЗА ВИТАМИНОТ „Д“: Најдобрата форма на витамин „Д“ не се добива само од сонце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Различни форми на витамин Д се разликуваат во нивното влијание врз човечкиот организам: нај ефикасен е оној од животинско потекло. Ова е заклучок на истражувачите од Универзитетот во Сари, Велика Британија, кои изминатите две години ја истражувале оваа тема.

Познато е дека човечкото тело може да произведе витамин Д под влијание на УВ зраците на кожата. Кога нема многу сончеви зраци, во текот на зимата, или во земји со облачно подрачје, витаминот Д мора да се добие преку храна или во синтетичка форма.

Сепак, стандарди за употреба на витамин Д, кој сега се препорачува од страна на повеќето национални медицински организации за спречување и лекување на рахитис, заболувања на коските и кардиоваскуларниот систем, се врз основа на заблуда и со тоа буквално може да му наштети на човекот.

Поточно, во светот преовладува уверувањето дека витаминот Д2, кој е исклучиво од растително потекло, и Д3, кој се синтетизира под влијание на ултравиолетовите бранови и влегува во телото преку храна од животинско потекло, се подеднакво корисни. Британските научници собраа група од 335 жени од јужноазиско и европско потекли и ги поделија на пет подгрупи. Едните секојдневно добивале плацебо, втората група збогатен сок со Д2, третата група колачи со Д2, четвртата сок збогатен со Д3, и петтата – колачи со Д3, се вели во текстот “Медикал експрес”.

По 12 зимски недели, ги споредиле резултатите. Кои покажале дека Д3 се апсорбира два пати подобро од Д2. Кај жените кои добивале Д3 со сок и колачиња на крајот на експериментот количеството се зголемило за 75 проценти и 74 проценти, соодветно, додека кај оние кои добиле Д2 со истите производи се зголеми за само 33 проценти и 34 проценти. Имало намалување на нивото на витамин Д кај оние кои примале плацебо. Слични индикатори беа забележани и во текот на втората година од експериментот.

Научниците заклучиле дека затоа оние кои сакаат да добијат поголема количина витамин Д од храна од растително потекло, треба да внесуваат најмалце два пати повеќе витамин Д отколку што се мислеше претходно.

Противниците на синтетички витамини велат е најдобро да се јаде месо од лосос, бакалар, кавијар, јајца и масни млечни производи богати со витамин Д3, а препорачано е и умерено сончање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This