April 17, 2024, 12:50 am

РАЗБИЕНА ЕВРОПСКА ГРУПА ЗА КРИУМЧАРЕЊЕ НА МИГРАНТИ: Италијанската полиција разби група на криумчари, меѓу кои и Македонец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската полиција соопшти дека разбила две групи што се занимавале со криумчарење на мигранти од Балканот во Швајцарија, при што биле уапсени 10 лица, меѓу кои и еден државјанин на Македонија.

Како што јави ДПА, во соопштението на италијанската полиција се наведува дека едната група била стационирана во северна Италија, а втората на Сицилија.

Покрај македонскиот државјанин, уапсени се и седуммина Италијанци и по еден е граѓанин на Косово и Албанија. Полицијата трага по уште седуммина припадници на шверцерските групи, од кои повеќето се по потекло од Балканот.

Истрагата утврдила дека мигрантите на криумчарите им плаќале по 3.000 евра за да ги пренесат во северна Италија и од таму да ги префрлат во Швајцарија сокриени во комбиња и автомобили.

Мигрантите со помош на „сицилијанската“ група биле превезувани во Италија со фалсификувани работни дозволи, а потоа припадниците на „северноиталијанската“ група ги превезувале во Швајцарија, но и во други земји членки на ЕУ.

Се претпоставува дека најголемиот дел од мигрантите префрлени од страна на двете групи се кријат во Швајцарија и Германија.

Во акцијата на италијанската полиција, биле вклучени и нивни колеги од Македонија, Германија и Косово.

Според полицискиот комесар од Палермо, Антонио ди Срасио има докази дека двете групи одржувале „конкретни и многу опасни врски со сицилијанската мафија Коза Ностра и со косовски паравоени групи“.

Еден од приведените во акцијата, Фатмир Латифи, според истрагата, учествувал во продажбата на оружјето што било користено при нападот во кумановската Дива Населба во 2015 година.

Друг проведен, пак бил замешан во неуспешниот обид за препродажба на укредени дијаменти од Швајцарија на неименувани купувачи во Брисел. Вредноста на укредените дијаманти е проценета на 11 милијарди евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This