РАЗГОВАРААТ ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА, БЕЗ ПРЕТСТАВНИК ОД МАКЕДОНИЈА: Коѕијас се сретнал со Нимиц и Гутереш!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, сепак, во Њујорк разговарал за спорот за името, не само со медијаторот Метју Нимиц, туку и со новиот генерален секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Иако грчките медиуми првично не објавија ниту збор дека името било тема на разговор, Нимиц, кој присуствувал на состанокот на Коѕиас со Гутереш во изјава за неделникот “Greek news“ по средбата изјавил дека имал добар разговор со шефот на грчката дипломатија.

nimic-kotzias

Нимиц истакнал дека изнел детали во однос на ова прашање и пред новиот генсек на ОН, кои ќе му дадат на Гутереш подготвителен материјал. Генералниот секретар на ОН, вели Нимиц, е многу заинтересиран за прашањето за името и како поранешен премиер на Португалија е запознаен со проблематиката на ова прашање.

„Јас разговарав со Коѕиас неколку пати во текот на изминатата година. Со нетрпение очекувам да има повеќе активности на ова прашање. Се надевам дека наскоро ќе има влада во Скопје и после тоа се надевам дека ќе дојдам во регионот и да видиме дали можеме да завршиме некоја конструктивна работа за прашањето за името. Важно е да има две функционални влади во двете земји и ако сте медијатор, нема поента да се обидувате да посредувате ако една од страните нема влада“, вели Метју Нимиц.

Коѕиас и Нимиц минатата година се сретнаа два пати, еднаш во април во Луксембург, а вториот пат во Њујорк за време на Генералното Собрание на ОН. Од средбите немаше конкретни резултати, со оглед на тоа што разговорите за името се на стенд бај поради политичката криза во Македонија. Последната заедничка рунда разговори на Нимиц со двете страни се одржа во 2014-та.

Во новогодишното интервју за атинската новинска агенција, грчкиот министер за надворешни работи истакна дека Грција има неколку предлози за името и чека одговор од македонска страна. Коѕиас повторно ја обвини македонската страна за иредентизам и крадење на историјата и потенцира дека решението за името е предуслов за влезот на земјава во ЕУ и НАТО.

Претходно, грчки „Катимерини” пишуваше дека Нимиц сака што побргу одново да го почне посредувањето за преговорите и ќе ги посети Скопје и Атина откако во земјава ќе се формира влада. Откако ќе добие целосна слика, ќе се врати со конкретни идеи и предлози.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This