РАЗГОВАРАА ПУТИН И НЕТАНЈАХУ: Рускиот и Израелскиот лидер разговараа за состојбата во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху остварија телефонски разговор за сириското прашање, вклучително и ракетните напади на израелските воздухопловни сили на аеродромот Т-4 во провинцијата Хомс, соопштија од Кремљ

„На иницијатива на израелската страна одржан е телефонски разговор помеѓу претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека се „разговарало за сириските проблеи, вклучително и неодамнешните напади на израелските воздухопловни сили на аеродромот Т-4, кој се наоѓа во провинцијата Хомс“.

„Владимир Путин нагласи дека на принципиелното значење на почитувањето на суверенитетот на Сирија, повика на воздржаност од било какви дејства кои повеќе би ја дестабилизирале ситуацијата во таа земја и претставуваат закана за нејзината безбедност“, стои во соопштението.

Освен тоа, во светло на Денот на жртвите од холокаустот, кој се одбележува на 12. април „двете страни уште еднаш недвосмислено истакнаа неприфатливост на обидите за фалсификување на историјата и ревидирање на резултатите од Втората светска војна“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This