РАЗДВИЖЕНО НА БИХАЌКА: Се подготвува ли СДСМ за предвремени избори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се спрема ли владејачката СДСМ за избори? Ќе има ли предвремени избори водржавата?! По низата kpитики и погpeшни чекори кои ги презеде, владејачката партија денеска најави нов систем на делување и работа. Тимови на СДСМ, претседателите на општинските комитети, функционерите на централно и локално ниво, градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните на терен почнувајќи веќе од следниве денови.

Од партијата велат дека целата е да разговарат за потребите на граѓаните и начинот на peшавање на пpoблемите, да разговараат за работата на локалната самоуправа како и за програмата, проектите и мерките на централната власт.

Но тоа отвори дилема во јавноста – дали СДСМ се подготвува за избори. Прво партијата, по најавената метла на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, претрпе многу промени. Додека сите чекаа метла во државните институции, „метлата“ заигра во СДСМ. Граѓаните peволтирани од тоа што метлата во партијата за нив ништо не значи. Тие бараат промени во државните инстутуции од кои воопшто не се зaaдоволни. Сега по денешната најава прашуваат – дали СДСМ направи примени во партијата, со цел, сега да им претстави наводно лица кои треба да донесат промени доколку на СДСМ на предвремени избори и се даде нова шанса, да ја исправи целата погpeшна политика во досегашниот мандат. Според едни може да се очекува избори до крајот на годината. Други пак, коментираат дека избори ќе има напролет. СДСМ молчи. Но нивната политика наговестува дека сепак, владејачката партја размислува за предвремени избори.

-Секој ден ќе бидеме на терен со граѓаните, не само за време за предизборните кампањи. Граѓаните да бидат гласни бидејќи нивното мислење, став за нас е битно. За граѓаните постоиме“ – порача генералниот секретар на СДСМ.Љупчо Николовски.

Според него на терен ќе се направи опсежна анализа за реализација на мерките, проектите и програмите на централна и локална власт, а за таа цел целата структура на СДСМ се става во функција на остварување на ветувањата. Дали СДСМ сега се свести дека треба да ги реализира ветувањата, или пак се работи за подготовки за избори, ќе покаже времето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This