РАЗДОР ВО СДСМ СТРУМИЦА: Претседателот на општинската организација на СДСМ од Струмица си дал оставка?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раздор во општинската организација во Струмица се случил деновиве откако централното раководство на партијата одлучило на местото кое му било ветено на Маријан Даскаловски, за кандидат за градоначалник да биде поставен Коста Јаневски

Екс-пратеникот на СДСМ, и претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица, инаку познат во партијата како еден од најдобрите „теренци“ си дал оставка од функцијата претседател на ОО СДСМ Струмица, поради неисполнети ветувања.

Како што дознаваме, Марјан Даскаловски во изминатите 100 дена одбил повеќе понудени функции со очекување дека ќе биде поставен за кандидат за градоначалник на Струмица, но и покрај ветувањето кое му го дал Заев, централното раководство на партијата ја потврди кандидатурата на Коста Јаневски.

Од локалниот огранок на СДСМ информираат дека Коста Јаневски е поставен иако не е член на партијата, туку поради професијата доктор, надевајќи се дека на тој начин СДСМ ќе повлече повеќе гласови. Членовите на СДСМ во Струмица велат дека Јаневски нема да може да одговори на кампањата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Бајрактаров кој има добар углед кај струмичани.

Претходно, СДСМ се соочи со раздор во Ресен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This