April 20, 2024, 12:10 pm

РАЗМЕНА НА ТЕРИТОРИИ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО НОВА ВОЈНА: Харадинај предупредува на можност од нов судир на Балканот, поради расправата за размена на територии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека расправата за размена на територија може да донесе трагедија на Балканот, а, како што оценува, нема потреба да се враќаме назад

„Јасно се виде кој загуби, а кој победи. Оваа расправија е опасна затоа што доведува до омраза, дестабилизација и нови војни на Балканот, бидејќи нема држава во која нема национални малцинства. Само Србија е полна, преполна со национални малцинства од Медвеѓе до Суботица. Ако овој предлог доаѓа од Србија, само Србија би имала губитоци во тој правец“, рекол Харадинај за „Прешево јоне“.

Тој вели дека, ако Србија е заинтересирана за стабилност, националните малцинства треба да добијат права, а пред се Албанците во Прешевската долина.

„Ние им ги дадовме сите можни права на српското малцинство на Косово. Затоа, Србија треба да учи од Косово како се почитуваат малцинствата – никогаш не сме вршеле насилство, не сме стопирале учебници на српското малцинство, не сме се заканувале или плашеле со авиони и хеликоптери Србите на северот на Косово“, рекол Харадинај.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This