РАЗОТКРИЕН ЗАГОВОРОТ ЗА ХЕМИСКИ НАПАД: Русија поднесе докази дека се очекува лажен хемиски напад во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не постои сомневање дека милитантите заговораат напад со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва обезбеди докази за заговорот за ОН и ОЗХО.


“Презентираме конкретни факти добиени од разни извори како за ООН, така и за Хашкиот трибунал, каде што се наоѓа седиштето на ОЗХО (Организација за забрана на хемиско оружје)”, рече Лавров, притоа зборувајќи за ризикот од напад под лажно знаме вклучувајќи употреба на хемиско оружје во Сирија, додавајќи дека “овие факти се неприкосновени и вистинити”.
Лавров рече дека “нема сомневање дека такви провокации се подготвуваат”. Тој објасни дека терористичките групи заробени во северозападна провинција на Сирија, вклучувајќи го и Ал-Нусра фронтот (сега познат како Тахрир ал-Шам), се обидуваат да го попречат одвојувањето на терористите од други вооружени групи “на секој можен начин”.

Министерот за надворешни работи, исто така, рече дека Русија ќе продолжи да го поддржува Дамаск во борбата против терористите. “Ние не планираме да го криеме она што го правиме за да ја поддржиме сириската влада, која ја ослободува својата земја од терористи за да им овозможи на сириските граѓани да се вратат во нормален живот што е можно поскоро”,  рече Лавров на  заедничката прес-конференција со еритрејскиот министер за надворешни работи, Осман Салех Мохамед, во Сочи.

Претходно, претставникот на Русија во ОЗХО, Александар Шулгин, изјави за новинарите дека Москва му даде докази за планираниот напад под лажно знаме на генералниот директор на ОЗХО, Фернандо Аријас. Сириската влада, исто така, испрати свои сознанија и докази до ОЗХВ, додаде тој, предупредувајќи дека нападот би можел да биде изведен “во секој момент”.

Москва претходно го обвини Вашингтон дека им помага на милитантите за заговорот под лажно знаме со цел да ги обвинат сириските власти за нападот и со тоа да ги оправдаат новите воздушни напади против Сирија. Планираниот воздушен напад, наводно, е многу поголем од оној што го извршиле САД, Велика Британија и Франција во април.

 

Подготви:

Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This