РАЗОЧАРУВАЧКА ДИСКУСИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: Германскиот министер за Европа Михаел Рот, со лоши вести за членството на Македонија во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот министер за Европа Михаил Рот лут излезе од состанокот на Советот на ЕУ во Луксембург и им довикна на новинарите дека дискусијата за Македонија била „многу разочарувачка“, но одби да каже зошто.

Не се знае е дали е постигнат некаков договор, јави известувачот на МИА од Луксембург.

Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

– Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.

На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот истакна дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This