РАЗРЕШЕНИОТ УРЕДНИК НА ФОКУС: СДСМ никогаш нема да му пpocти на Камчев, тој го ypна митот дека тие се бopци пpoтив кopyпција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот новинар Зоран Димитровски Жоро кој беше довчерашен уредник на Фокус жестоко ја критикуваше актуелната власт за случувањата околу аферата рекет. Тој истакна дека Заев и СДСМ ветуваа дека ќе ги процесуираат сите оние кои ги посочуваа како криминалци со бомбите, но тоа не можеа да го направат затоа што тргнаа во офанзиба не за тие да одговораат и да ги судат туку да ги рекетираат. Токму поради оваа причина сега се им се враќа како бумеранг. 

За бомбите кои сега се емитуваат на Јутуб, Жоро истакна дека Орце Камчев е човекот кој го сруши имиџот на СДСМ како борци против корупцијата и ова власта и Заев нема никогаш да му го простат, алудирајќи дека бомбите кои денес се емитуваат се масло на СДСМ.

-Денес на столбот на срамот е Орце Камчев, зошто? Затоа што се дрзнал да го пријави рекетот! Орце Камчев да не го пријавеше рекетот, денес ќе постоеше 1 ТВ, ќе имаше рекетирани бизнисмени други се ќе си беше океј нели. Тоа го сруши имиџот на СДСМ на борци против корупцијата. И тука не верувам дека ќе му простат, вели тој.

Новинарот и уредник, Зоран Димитровски Жоро, е разрешен без никакво образложени во петокот од позицијата одговорен уредник на неделникот Фокус.

Тој се сомнева дека причина е серијата текстови во коишто на сатиричен начин ја критикува актуелната владејачка гарнитура, а вклучително и премиерот Зоран Заев. Имено, Димитровски пред извесно време бил опоменат дека ваквите текстови пишувани на дијалект биле „неприфатливи и под нивото“ на Фокус, објави Нетпрес.

 

 

 

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This