РАЗРЕШЕН ЈАНЧЕВ И БОГДАНОВ, МИЈАЛКОВ И ТОДОРОВ ЌЕ СЕ ИСКЛУЧАТ ОД ПАРТИЈА: ВМРО-ДПМНЕ се чисти од транзиционите и сомнителните ликови во партијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и организирање на група за притисоци, уцени и закани, како и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со цел да гласаат за уставните измени, а користејќи најниски методи ЦК го разреши потпретседателот на партијата Митко Јанчев согласно статутот на партијата, тоа го направи на тајно гласање и резултатот беше дека истиот треба да биде разрешен.

Освен Јанчев, разрешен е и членот на ИК Константин Богданов. Централниот комитет поради истите причини, од матичните општински комитети да поведат дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

ЦК побара осумте пратеници кои што мандатот го добија затоа што беа на листа на ВМРО-ДПМНЕ, а го изневерија народот и програмата поради која се избрани, веднаш да поднесат оставка на своите позиции затоа што работат спротивно на народните интереси.

За крај, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја честиташе новата криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2003831033242252/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This