April 26, 2024, 11:39 pm

РАКАВИЦИТЕ ФРЛЕНИ: ДУИ го обвинува СДСМ дека одат со црни возила и им се зakaнувате на судиите, овие ли се реформите во cyдството кои им ги ветивте на граѓаните?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, синоќа во емисијата “Click Plus” на ТВ 21 ги обвини СДСМ дека со цел да го покријат нивниот неуспех за функционирање на правниот систем, што впрочем СДСМ ветуваше во предизборната кампања, измислуваат различни сценарија.

-Господине Зеќири ве гледа цела јавност, со ова сценарио не можете да го покриете бегството на Груевски. Не можете да го покриете неуспехот за функционирање на правниот систем. Граѓаните прашуваат кај се парите, вие ветивте во кампањата дека сите финансиски средства ќе ги вратите во буџетот, ви се молам немојте, со вакви сценарија не можете да ги покриете неуспесите, кажа Алими.

Зеќири на ова одговори дека Ејуп нема право да зборува за правниот систем бидејќи тој самиот треба да се појавува на cyд секоја недела, на што Ејуп Алими му одговори дека тој се појавува и ќе се појавува и ќе продолжи да се појавува редовно се додека не се расчисти случајот и го обвини Зеќири дека од нивната партија им се зakaнуваат на cyдиите.

-Да, јас се појавувам на cyд и ќе се појавувам редовно се дури не се расчити овој случај, но вие одите со црни возила и им се заканувате на cyдиите за жал, му порача Алими на Зеќири.

Меѓу другото Ејуп Алими го запраша потпретседателот на СДСМ какви се тие реформи во cyдството кои ги ветиле, а ги гледаме истите cyдии од претходната власт.

-Кои се тие реформи во судството кога ги гледаме истите судии за кои вие обвинувавте дека ги назначуваа Груевски и Мијалков, или пак да не случајно групи на интереси и различни лобија од казината ве финансираат па затоа и го попречувате законот за казината, го запраша Алими потпретседалот на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This