April 25, 2024, 11:07 am

РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР НА ПРИЕМ ВО ВЛАДАТА: Владата ќе го награди Европскиот шампион со 500 илјади евра, АМС со награда од 100 илјадиевра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев ги пречека играчите и управата на ракометниот клуб Вардар во Владата на Република Македонија. Тој им врачи признание на клубот и играчите за постигнатиот успех и им вети парична награда.

Според изјавата на премиерот, Вардар ќе добие 500 илјади евра од Владата како награда за постигнатиот успех,  дополнителени 100 илјади евра од Агенцијата за млади и спорт.

Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца! ❤️🖤❤️🖤❤️🖤

Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.

Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. 🇲🇰

Честитки Вардаре!, напиша Заев.

Целата галерија од посетата на ракометерите на Вардар во Владата можете да ја погледнете тука.

Претходно и градот Скопје, донесе одлука на Советот да ги награди играчите и клубот на Вардар со 6 милиони денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This