April 20, 2024, 12:38 pm

РАКОМЕТНИТЕ ШАМПИОНИ ДОБИЈА УШТЕ ЕДНА ХИМНА: Дуо Коктел – „Песна за Вардар“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските ракометни шампиони, ракометарите на Вардар добија уште една спортска химна. Овој пат новата навивачка песна носи наслов „Песна за Вардар“ и се појавува на денот  на фајналфор турнирот во Келн, каде црвено-црните го играат мечот за финале, против францускиот Монпелје.

Овој пат се работи за своевидна споортска рок химна, песна која е наменска, навивачка,посветена токму на екипата на нашиот европски ракометен шампион, направена во рок манир.

Автор на музиката и аранжманот е Стевче Грозданов, додека стиховите се дело на Огнен Неделковски. Песната е снимана и миксана во студиото Ентерпрајз и Ентерпрајз 2 на Валентино Скендеровски, а темата „Песна за Вардар“ ја изведува скопското дуо „Коктел“.

Со надеж дека ќе им донесе среќа на вардарци за пласман во финалето на ракометната ЛШ, а потоа и одбрана на титулата европски прваци, Вистина.мк ексклузивно  ја промовира, а истата можете да ја преслушате во продолжение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This