РАМА КАКО НАРКО-БОС НА АЛБАНЦИТЕ: Албанскиот премиер исплашен од Груевски, Вучиќ, Путин и Ердоган ги користи албанците од Македонија за да ја задржи власта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антропологот од Тирана Арманда Хиса изјавила дека испадите на премиерот на Албанија Еди Рама се обид пред изборите да се префрли фокусот од неуспехот на „националните прашања“
rama

Таа во интервју за Дојче Веле вели дека кога политичките елити во Албанија ќе помислат дека го губат легитимитетот, бидејќи не работат ништо за општото добро ниту на полето на економија, тогаш тие почнуваат да поттикнуваат националистички сентименти помеѓу населението.

Во случајот со Албанците, тој вид на национализам доаѓа од Тирана, иако е тешо да се одговори зошто тоа е така, имајќи во предвид дека Албанците во Македонија и во Косово немаат право во Албанија.

„Постои една специфичност со Албанците. Премиерот во Тирана се смета за премиер на сите Албанци, кога дома постои притисок на него, тогаш луѓето од Македонија и Косово можат да го бранат во стилот: зошто го чепкате пермиерот? Така Албанците од Косово и Македонија можат да извршат своеврсен притисок на Албанците во Албанија, кои на некој начин значи дека не се грижат многу за својот премиер. Тоа е вид на стратегија некои кои не гласаат во Албанија да имаат влијание во случувањата во нивната матична земја“, вели Хиса.

Според нејзините зборови, на Косово подолго од 100 години постои сон дека ќе биде дел од Албанија, но секој кој размислува логично и рационално знае дека од обединувањето нема ништо.

„Но ниту тие не сакаат да се спротивставатна сонот и затоа гледаат на Албанија како татковина, претседателот и премиерот на Албанија го сметаат за поважен од оној во нивната држава, знамето и химната на Албанија ја гледаат како свои вистински симболи и химна. Тоа е ментален процес од друга историја и не може да се промени за десет години“, вели Хиса.

Кога се работи за Македонија, таканаречената Тиранска Платформа таа ја оценува како мешање на Рама во внатрешните работи во Македонија.

„Состанувањето на албанските партии од Македонија во Тирана како Рама да е нивниот премиер, а тие дел од Албанија, а не дел од Македонските институции беше силен симболичен акт, а од сето тоа не произлезе никаква платформа. Како да дојдоа кај нивниот бос. Тој сиболичен чин беше забивање на носот таму каде што не треба, во внатрешните работи на други држави. Но зошто Рама тоа го направи? Па затоа што и во Албанија постои сериозна криза“, вели Хиса.

Кога се работи за Албанија, таа истакнува дека проблемот со канабисот кој никогаш не бил на ова ниво потсетува дека од рациите спроведени во 2013 година кога се убиени двајца полицајци, канабисот секаде се произведува.

Според нејзините збориви, четири петини од обработливите површини и падини на планините се засадени со канабис, а тоа производство се контролира преку владини канали.

Како што вели, сите тие случувања и со реформите во судската власт но и со други проблеми со кои се соочува Албанија, кулминираа со платформата на Албанските партии од Македонија во Тирана.

„Рама оттогаш настојува во албанската јавност да наметне мислење дека лидерот на неговите ривали Љуљзим Баша всушност заедно со Груевски работи на слабеење на Албанија во склоп со поширока антиалбанска мрежа во која се Вучиќ, Ердоган и Путин. Рама сето тоа го претстави како национално прашање во стилот: кој е за Рама, тој е и за националните работи“, оценува Хиса.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This