РАМА ОСТАНУВА НА ПРЕМИEPСКОТО МЕСТО: Дури и да имавме „Да“, задачите се исти и без тоа „Да“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама го отфрли барањето на опозициjaта за оставка по одлуката на Советот на ЕУ да не се отворат преговори со Албанија.

 

 

По средбата што ја одржа со претседателството на неговата Социјалистичка партија (ПС) Рама ја обвини опозицијата дека се обидува да го попречи процесот на европска интеграција за Албанија:

-Тие (опозицијата) работеа многу напорно и не оставија непоместен ни камен за да не успее процесот. Не успеја, затоа што успеавме да ја надминеме вештачки подигнатата бариера во првите шест месеци од годината и да ја добиеме поддршка на Германија, рече Рама.

Рама го повтори ставот дека неотворањето на преговорите за Албанија не се должи на недостаток на напредок на земјата, туку на внатрешните проблеми на ЕУ.

-Двете држави, Албанија и Северна Македонија, не можеа да го добијат она што им следува, како резултат на внатрешниот cyдир во европското семејство, посочи Рама.

Тој додаде дека оваа одлука не менува ништо за земјата и дека владата ќе продолжи со реформите.

-Но, како што можете да видите, сонцето повторно изгреа, денот повторно почна и нашиот пат продолжува без никаков потрес и изедначување. Во практична смисла, ние сме јасни, мора да ја продолжиме нашата работа секој ден. Дури и да имавме „Да“, задачите се исти и без тоа „Да“, нагласи премиерот Рама.

Тој потврди дека набргу ќе има значајни средби, меѓу кои ќе биде и средбата со фpaнцускиот пpeтстедател, Емануел Макрон. Истакна дека Социјалистичката партија ќе го води напред процесот на реорганизирање, дека ќе продолжи работата со изборните реформи и дека се добредојдени сите страни кои сакаат да придонесуваат. Според Рама во текот на месец јануари ќе бидат изгласани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР.

Денеска опозициската Демократска партија побара спроведување предвремени парламентарни избори, исто како и во Северна Македонија. Партискиот лидер,Љуљзим Баша, рече дека албанската Влада треба да преземе одговорност за неуспехот на преговорите и да му го врати мандатот на албанскиот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This