РАМА ПРЕЗАДОВОЛЕН ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДВОЈАЗИЧНОСТА ОД СТРАНА НА ЗАЕВ: Банерот позади македонскиот и албанскиот премиер ги обедини двете држава во ALBMKD

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама, кој денеска во Тирана е домаќин на македонскиот премиер Зоран Заев, го оцени како фантастичен потег усвојувањето на законот за јазиците во Македонија.

Двајцата премиери на заедничката прес-конференција истакнаа дека Македонија и Албанија очекуваат во јуни да ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ.

Освен во НАТО, двајцата премиери очекуваат Скопје и Тирана во перспектива да бидат сојузници и во ЕУ. Истакнаа дека двете земји работат на исполнување на потребвните реформи, особено во правосудниот систем и јавната администрација.

Заев се заблагодари што Албанија беше меѓу првите земји кои го ратификуваa Протоколот за членство во НАТО.

-Тоа уште еднаш испрати сериозна пријателеска порака до нашиот народ и затоа сме благодарни. Очекуваме до крајот на годината Македонија да и се придружи на Алијансата и да стане 30-та членка. Паралелно со овие очекувања нашите надежи се фокусирани и на јуни за отварање на пристапните преговори со ЕУ. Јуни 2019 е важен датум за европските перспективи на двете држави. Очекуваме ако ние ги испорачаме потребните резултати, тогаш и ЕУ да има позитивен пристап кон двете земји, рече Заев.

Албанскиот премиер Рама истакна дека Македонија за Албанија не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер.

– Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои не обединуваат како држави, кои и припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство, изјави Рама.

Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историско постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.

Тој го оцени како фантастичен потег усвојувањето на законот за јазиците во Македонија, што според него значително го подобрува соживотот во земјата и односите Скопје – Тирана. Истакна дека албанската Влада е посветена и македонското малцинство во Албанија да ги ужива сите права.

Премиерот Заев рече и дека Охридскиот договор правно-формално е исполнет и останува духот на договорот, рамномерна застапеност и градење вистинско општество за сите.

Заев и Рама на денешната средба оцениле дека има уште простор за унапредување на билатералната соработка, особено во економијата и сообраќајната инфраструктура. Се планира и отворање на заедничка гранична контрола на патници и стока на граничниот премин Ќафасан.

Предвидено е одржување заедничка седница на двете влади кон крајот на летото по завршување на претседателските избори во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This