РАМКОВНИТЕ ВРАБОТУВАЊА, ОД ПОНЕДЕЛНИК НА РАБОТА: Администрацијата ќе добие нови 1.600 луѓе на кои ќе мора да им најде соодветни места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од наредната недела 1.600 вработени според рамковниот договор, а кои седеа дома, ќе бидат распоредени на работни места. Со ова стартуваат реформите во јавната администарција. 1.600 – те јавни административци ќе добијат работни места соодветни на нивното образование, работни способности и знаење

–Ова е пилот-проект, по функционалните анализи ќе видиме како ќе функционира. Направивме анализа на овие луѓе, знаеме кои се точно, кој се нивните професионални наобразби, искуства. А ги знаеме и потребите на институциите и сега само ја спојуваме потребата и она што е вишок на вработени кои немаа работни задачи, изјави Дамјан Манчевски – министер за информатиччко општество и јавна администрација

Манчевски вели дека до крајот на месецов ќе се знае вкупната бројка на вработени во јавната администрацијата. Секаде каде ќе се утврди вишок на вработени ќе им се понуди да бираат дали сакаат да заминат во приватен сектор или ако одлучат да останат во јавната администрација ќе бидат распределени на нови работни позиции според нивното знаење и подготвеност. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека ќе го следат целиот процес.

-Министерот најави дека се ќе биде на доброволна основа. Синдикатот ќе го следи овој процес и доколку биде констатирано вишок во Јавната администрација, ние како синдикат ќе преговараме за нашите членови да бидат социјално обезбедени или да се обезбедат на новите работни места или ако покажат желба да одат во приватен сектор, вели Пецо Грујовски – претседаел на УПОЗ.

Новина е и тоа што ќе се потпише и Колективен договор, а во него ќе бидат предвидени, платите, остварување на додатоци и права кои досега не можеа да ги добијат, а ќе се преговара и за К – 15. Досега сите вработени своите права ги остваруваа со колективниот договор од 1995 – та година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This